А оние што му подаруваат имот на манастирот, им кажуваат на калуѓерите од кое место се, каде се наоѓа нивата или ливадата што ја подаруваат и колку е голема.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се присетуваше и на други работи кога таа го тепаше и затвораше без јадење; се потсетуваше и сè повеќе чувствуваше одбивност и омраза кон неа. XXVI Богуле секој ден сè повеќе се оттуѓуваше од мајка си; гледаше што помалку време да е дома, што помалку да се сретнува со неа; и што и да го прашуваше таа, тој молчеше ништо не и одговараше; се обидуваше таа и со убаво и со благи зборови да го скроти, да го смири, да му каже дека само него го има на светот, дека тој ѝ е најмил од сè, дека тој е главата на куќата, дека тој е домаќинот, дека тој треба да ја преземе сега грижата околу имотот; го чекаше за јадење, и за ручек и за вечера, но тој не јадеше со неа; му оставаше напишано на ливче каде се наоѓа на работа, на која нива или ливада, да појде и тој да ѝ помогне во работата, но тој не одеше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)