Поради големата слабост, устата и очите му изгледаа непропорционално големи, а погледот како да му беше исполнет со смртна, непомирлива омраза кон некој или нешто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Мајка ми нѐ научи да зафати чорап или нешто.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Природо-научните истражувања се вршат на предмети, или нешта, или облици на односи меѓу нив, или на системите на „случувањата”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За друга работа не ми требаат, туку, еве, вака, за плетење, или нешто ако потшивам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Недоизбувнатата расправија беше длабока и темна мудрост под превивки на сурово самозаборавање со што си ги криеја срцата, не толку еден од друг колку секој од себеси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неисе. Сепак и сепак, оваа прозна реч е нешто поинакво или нешто повеќе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајката, си мислам, што му стана, голема фатка имаше во работата. - Ти, Мирче, нешто си непара арен, му велам еднаш. Нешто си невеласен или нешто те мачи, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Слепа паника. Не можев да не помислам дека тоа излегување ќе го платам со жолтица или дизентерија, треска или нешто слично.” „Треска?“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)