или (сврз.) - ноќ (имн.)

Сака да праша ден ли е или ноќ, сака да види со туѓи очи што се случува околу него на стивнатото боиште, и молчи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не знам што беше поинтересно: деновите или ноќите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А дали е ден или ноќ, познаваш по редоследот на тепањето: секој ден тепање, систематично, како по учебник, од дланките како во основно училиште со дренова прачка ама и со корнење на ноктите до табаните за кои никогаш не си помислувал дека преку нив ќе почуствуваш нешто освен умора, а не пак да ти се одлепува дебелата кожа како износен опинок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ретки, многу ретки беа деновите кога се случуваше да имаме ден или ноќ за одмор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во Прењес ретки беа деновите или ноќите без умирачка. А погребот беше само ноќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќето од децата како покосени лежеа наземи, сеедно веќе дали беше ден или ноќ, никој веќе не гледаше на редот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Ако го возиш твојот уницикл помеѓу годините, внимателно одржувајќи ја рамнотежата со рацете подигнати горе, и ако управуваш низ годините, минувајќи една седмица во 1909, еден ден во 1900, еден месец или ноќ некаде другаде, 1905, 1898, би можел да го додржиш летото до крајот на својот живот.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Постојано се шегувавме околу одењето таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше веќе потребно да се расправаме или да се милуваме за да ја повикаме удавената жена; каде и да одевме, таа се појавуваше по своја волја: во ресторантот „Роки италијанска говедина“, во „Линдо Мексико“, и во „Куќата на Донг“, нашиот омилен кинески ресторан во кој што сѐ уште често одевме затоа што во почетокот на годината, кога беше зима и ние тукушто бевме почнале да излегуваме, нѐ оставаа да седиме и разговараме до касно само со малечки шољи јасминов чај и раздробени „колачиња на судбината“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
До крајот на летото, дури ако и не се расправавме околу жената, ја имавме стекнато навиката да се расправаме за сѐ друго. што е подобро: кучиња или мачиња, рок или Џез, Кубовите или Соксите, тако или ег-рол, лево или десно, ден или ноќ - можевме да се караме за било што.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)