Според него најпогодни за соработка во почетната фаза би биле српските елементи во Порече или областа Маврово.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)