Свесната свест на (некои) геј-мажи самата е суштина на тој клинамен, на тој отклон од привлечната тежа на очигледното, на начинот какви што се работите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сексуалната различност и дисидентност веројатно може да биде појдовната точка за покатегорично, посвесно, попрагматично застранување од природата и од сѐ што во општествениот свет важи за природно.
„Секогаш кога говорот или движењето или однесувањето или предметите покажуваат извесно застранување од најдиректниот, најполезниот, најмрзеливиот начин на изразување или суштествување во светот“, напишала Сузан Зонтаг пред речиси педесет години, „можеме да сметаме дека имаат ‘стил’“.473 Без стил или облик, нема такво нешто како култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Црвената глава е “ниту ваму, ниту таму”, од него се одзема најбитното - скалпот со црвената боја: неопходно насилство во ритуалната практика. *** Чандоџја упанишада: “Црвената боја на горечкиот оган е бојата на огнот, белата боја на огнот е бојата на водата, црната боја на огнот е бојата на земјата. (...) Вистина се само трите бои (или облици).”
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Само отстапувањето од зададеното може да создаде култура и да го даде растојанието и оттргнатото промислување кои се нужни за културна дејност.
Во извесна смисла, хомосексуалноста е култура.
И ете зошто му требаме на општеството.
Каде би биле без пронигбите, без безобразлукот, без нетрогнатата критичка интелигенција што ја дава геј-поткултурата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа е однатре, нужно на страната на културата.
Зашто, што е културата ако не отклонување од природата, од зададеноста на светот, особено од зададеноста на општествениот свет, од очигледноста на човечкото постоење и од сето она што има врска со него, а што непромислено го земаме здраво за готово?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самото нејзино постоење го драматизира функционирањето на културниот поредок, а не на природниот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Природо-научните истражувања се вршат на предмети, или нешта, или облици на односи меѓу нив, или на системите на „случувањата”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)