На некој начин, тој брзо го загубил своето топло чувство, својата љубов кон себе, карактеристичен знак на нарцисоидна повреденост.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во боди-артот примарно е чувството на топлина или студ - чувството на блискост или одвоеност на телата, посебно на сопственото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога вајарот го претвора каменот во тело, или кога сликарот го изразува телото како сплесната слика, тие секогаш се држат до сопственото физичко доживување, до своето интимно поимање дека се тело, од каде што неминовно следи чувството дека се личност, како што Фројд го формулирал тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)