Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Патниците одвај се спровираа меѓу нив, заглавувајќи во нови стапици додека ја ослободуваа задната нога од старата стапица, па често им остануваше некаде зад нив некој чевол или опинок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Секоја нова естетика, што тој недограѓанет селанец не може да ја препознае како гајда или опинок, како зурла или тапан, макар таа и да произлегла од гајдата, зурлата и тапанот, за него, господа, е комунистичка естетика.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)