Можеби таа сила што ме поттурнуваше не беа прсти или рака туку желбата или потребата над која немав контрола.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Желбата да те видам, да поседам покрај твојот кревет, да се обидам можеби да поведам уште еден разговор со тебе. Да! Јас. Синот! Дали слушна што реков? Синот!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Може да си го дозволи тоа, зашто геј-мажите, за разлика од жените, никогаш не се во опасност докрај да бидат сведени на својата општествена обележаност и позиционираност како женствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На самите жени, пак, искуството дека се жени можеби и не им е секогаш многу-многу иронично, а камоли начисто урнебесно, иако и тоа како може да имаат желба или потреба, одвреме-навреме, да се тргнат од него и да се оградат од неговите општествени значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На жените, затоа, може да им личи дека машката геј-култура се усојузила со машката стрејт-култура во оцрнувањето на жените; може да им изгледа дека го зајакнува омаловажувањето и обезвреднувањето на жените, било имплицитното, било експлицитното, кое им е типично на патријархалните општества и на културните ставови што тие ги крепат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Далеку од тоа дека се обидува да ја издигне положбата на жените, да ги препретстави како достоинствени, сериозни, јуначни, авторитативни, способни, даровити, љубовни, заштитнички и, воопшто, подобри од мажите – со други зборови, далеку од тоа дека се обидува да шири позитивна слика за жените – традиционално машката геј-култура доследно ужива во претераните, гротескни, извештачени, недостоинствени, одвратни, абјектни прикажувања на женственоста и во нив го бара својот одраз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И ете, токму тоа чувство, дека може да ми се случи во отсуден момент да не можам да ѝ овозможам на мојата желба или потреба да зачекорам ме правеше повеќе од збунет.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со ваквите неурамнотежени размисли бев обземен уште вечерта по сахраната на Самоников, додека се прибиравме со Катерина во нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Среќата е краткотраен феномен, таа е исполнување на некоја долго напластувана желба или потреба,“ рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Јас тоа не би го нарекла среќа; таквото исполнување на желби и потреби би го нарекла задоволување.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)