На пример, според текстот на амандманот, не постои можност за поднесување уставна тужба за заштита на правото на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност (чл. 32), правото на социјална сигурност и социјално осигурување (чл. 34), правото на синдикално организирање (чл. 37) или правото на штрајк (чл. 38), кои универзално се признаени за „основни“ права, посебно согледано преку досегашната јуриспруденција на Европскиот суд за човекови права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
За претрпени физички болки, за претрпени душевни болки поради намалување на животната активност, нагрденост, повреда на угледот, честа, слободата или правата на личноста, смрт на блиско лице, како и за страв – судот, ако најде дека околностите на случајот, а особено јачината на болките и стравот и нивното траење го оправдува тоа, ќе досуди справедлив паричен надомест, независно од надоместот на материјалната штета, како и во неј- зиното отсуство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лицето кое го прибавило предметот или правото за кое тече парницата може да стапи во парницата наместо тужителот, односно тужениот, само ако со тоа се согласат двете странки (чл. 185, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако некоја од странките отуѓи предмет или право за кое тече парница, тоа не пречи да се доврши парницата меѓу истите странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога составот на судот или правото на изјавување ревизија зависи од вредноста на предметот на спорот, а предмет на тужбеното барање не е пари- чен износ, тужителот е должен во тужбата да ја назначи вредноста на предметот на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Бидејќи вредноста на предметот на спорот е задолжителен елемент на содржината на секој тужба, таа in concreto беше паушално одредена на 100.00 МКД што, мораме да забележиме дека е мошне висока.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, според нашето граѓанско процесно право – кога составот на судот или правото на изјавување ревизија зависи од вредноста на предметот на спорот, а предмет на тужбеното барање не е паричен износ, тужителот е должен во тужбата да ја назначи 105 вредноста на предметот на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тужбата треба да содржи определено барање во поглед на глав- ната работа и на споредните барања, факти врз кои тужителот го заснова барањето, докази со кои се утврдуваат овие факти, како и други податоци што мора да ги има секој поднесок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот, на барање од заинтересираното лице, ќе нареди да се преземат соодветни мерки за спречување на настанувањето на штета или вознемирување, или да се отстрани изворот на опасноста – на трошок на држателот на изворот на опасноста, ако тој самиот не го стори тоа (чл. 143, ст.1- 2 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)