Сепак, најинтересно е издвојувањето на трите ситуации кои го покажуваат односот на субјективитетот кон идеологијата: 1) индиферентноста (“состојба кога поединецот не ја смета идеологијата за значајна за својот живот”, или кога идеологијата не успева со убедување и индоктринација да го механизира поединецот); 2) отфрлањето (може да биде a priori отфрлање, - кога поединецот отфрла една идеологија како следбеник на друга идеологија, и a posteriori, - кога ја отфрла сопствената идеологија; може да биде целосно и парцијално, чин или процес, може да биде единично или масовно, глобално отфрлање...); и 3) прифаќањето, интернализирањето - како процес на општествена (идеолошка) конструкција на стварноста (каде што поединецот му е ‘даден’ на општеството/ идеологијата) и како процес на самоконструкција - каде што општеството и идеологијата му се дадени на поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во четвртата глава, станува збор главно за идеологијата изменета од поединецот, за идеологијата во „персоналниот систем на знаење“, за „структурата на идеолошкото знаење во свеста на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За да не бидам погрешно разбран, мислам дека треба да се напомене оти нашето сфаќање за менталните состојби како нефизички произлегува од таму што нашето познание ни покажува дека тие едноставно не личат на стандардните случаи на физичките објекти или процеси што ние ги познаваме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Меѓутоа, дури и да се согласиме со ваквиот начин на размислување, тоа сепак не ни дава јасна идеја што е тоа што би го определиле како нефизичко (ментално, духовно).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)