Една од причините поради кои првенствено ја избрав Џоан Крафорд и што решив да го проучувам фрапантниот спектакл на измешани гламурозност и абјектност кој го приредува, и во Милдред Пирс и во тоа што произлегло понатаму, е тоа што нејзината гејска привлечност нѐ тера да се соочиме со два ноторни аспекта на машкиот геј-субјективитет кои ги прават денешните геј-мажи особено гадливи – па затоа и особено ненаклонети да ги истражуваат: имено, идентификацијата со жените и приврзаноста кон мајката.355
Овие две теми се и средишни и табу во современата машка геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А во општествен и симболичен систем во кој родовите разлики систематски се поларизираат, дихотомизираат и се претвораат во бинарни спротивности, секој гест што укажува на одбивање на конвенционалната мажественост сигурно ќе се чита како женствен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А токму такво чувство можеби машката геј-култура им предизвикува и на многумина геј-мажи, како и на многумина стрејт-луѓе, кои учествуваат во таа култура. (Значи Фелоус не греши сосема кога машките геј-практики ги толкува како женствени.) Но тоа не мора да покажува дека геј-мажите спаѓаат во трет или меѓупоставен пол, дека имаат различна биологија или психологија од стрејт-мажите, ниту дека имаат некоја посебна, суштинска, архетипска природа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па, тогаш, разбирливо е што машките геј-културни практики – кои за мажите промовираат и шират нестандардни начини на суштествување и чувствување, кои прекодираат парчиња од главнотековната хетеросексуална култура со дисидентски или со нетипични родови значења и кои ги подучуваат другите на тој општествено девијантен и опозициски етос – велам, навистина е разбирливо што таквите практики може да направат да изгледа дека геј-мажите имаат својства и одлики што општо земено ги имаат девојките и жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)