Тоа е краткорочна, времена граната од значења фрлена преку јазичните барикади, која што го опишува способниот, вешт индивидуалец што собира знаење/комуникациска технологија и ги користи за сопствени цели - лично задоволство, заработувачка, принцип или развој.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Современиот човек и покрај историското искуство, технологијата и довербата во разумот или развојот на цивилизацијата, не е во можност да овладее со причинителите на кризите. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 156 Наспроти свеста за тешкотиите и загриженоста, стојат урбаниот ентузијазам и футуризмот, честопати наследници на идеологиите на новите градови и новото општество.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Киберпанкерите се пронаоѓачи, инвентивни писатели, гранични уметници, филмски режисери што се впуштаат во ризик, композитори иноватори, независни научници, техно-креативци, одредени менаџери, компјутерски визионери, елегантни хакери, бит адепти, творци на специјални ефекти, видео-волшебници, неуро-пилоти, истражувачи на медиите - сите оние што храбро ги складиштат идеите и ги насочуваат таму некаде надвор, кадешто човечката мисла сè уште не ги допрела.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)