Навистина не е важно дали Бог раководи, или масата од продуктивни сили дијалектички се одмотува, или разликата игра, вон контролата на кој и да е од нас.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Нема и да оспорат ништо во случај да не постојат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Оттука и бесмисленоста на сите прашања околу некакви намери што се труди да ми ги прикачи иследникот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Деконструкцијата” на бинарната опозиција затоа не е поништување на сите вредности или разлики; таа е обид да се следат фините, снажни последици на разликите што веќе делуваат во илузијата за бинарна опозиција.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)