По некое време чичко ѝ заедно со братучедот Наум ќе ги земеа гитарите и тогаш почнуваше најубавиот дел од славјето: се пееја најпрекрасните песни - македонски народни, староградски српски, понекоја руска или грчка, се пиеше вино домашно или ракија, мажите палеа по некоја пура.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Седнуваат и игуменот им пожелува добредојде и им искажува радост што пречекува вакви високи и ценети гости, овде, во светиов манастир и ги праша со што да ги почести: вино или ракија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Дали од жал, или ракијата го тера.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Неговото кафене беше единствено собиралиште, и додека едни пиеја кафе или ракија, други играа комар, а во преградата од десната страна тој ги сечеше четките на селаните или им ги светнуваше еднаш во неделата лицата стругајќи им ја брадата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Од гостите никој ништо не забележуваше. Или ракијата ги чинеше кусогледи или во исчекување молчеа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Јадеше леб со сланина, пиеше вино или ракија, чекореше во цокули, а на главата носеше шешири слични на оние што ги носи Joseph Beuys.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Често пати навечер, ко ќе заврши работнио ден, по пат накај дома, ќе сврати во крчмичено „ Драгор“ да се види со другарите, да се напие чаша вино или ракија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Но да не биде пликот сосема празен тој клаваше во него по еден грош; „колку за отрова" велеа работниците и веднаш го испиваа и тој грош вино или ракија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)