Како што забележува Фелоус, неа ја поддржуваше Гари Хеј, основоположникот на современото геј-движење во САД и главниот извор на инспирација за Радикалните самовили.338 А и натаму цути во неколку значајни школи на современата машка геј-духовност, кои во геј-мажите гледаат современи шамани, потомци на народните исцелители, пророци и врачеви кои во многу општества си ги црпат проникливоста, моќта и верскиот авторитет од впечатокот дека во нив се споиле двата духа на машкото и на женското (254, 262, 244–246, 281 n17).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Лесно може да се замислат запрепастеноста и гневот на стоунволската генерација поради ова враќање на потиснатото во полето на машката геј- самоидентификација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може да биде извонредно надарен да биде учител поради речиси женската проникливост и речиси женскиот такт“ (243).337
Иако културата на постоунволското геј-движење жестоко ѝ се противи, оваа стара угледна традиција на дефинирање на хомосексуалноста во смисла на родова обратност и на замена на родовите улоги, а не во смисла на сексуалноста, воопшто не изумрела.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Претставата дека лезбејките и гејовите денес треба да се сфаќаат како припадници на трет или на четврти пол или род доживува некаква преродба во многу полиња на поновите квир- и трансродови изучувања.339
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)