Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секогаш кога ќе шетаа, ја држеше Марија под рака, стискајќи ја цврсто кон себе, како да се плаши некој да не му ја грабне, давајќи им до знание на сите што ја гледаа дека тој не е некој нејзин пријател или роднина, ами маж.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сепак, не бев таков тип на девојка, во принцип мразев туѓо, не давав свое, не се плеткав со двајца од исто друштво или роднини, избегнував бивши на другарки и на братучетки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)