Баба дамна ги беше загубила сите илузии оти постариот син ќе се врати во Цариград, па ќе ја подземе и неа со сите илузии веќе во залез, или синот само ќе се врати во Лондон, каде што некогаш службуваше како амбасадор на нова Турција во Велика Британија нејзиниот полубрат Али Фетхи Окјар.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само жените се растрчуваат по сокаците и чешмите или се собираат кај некоја во селото што добила писмо од мажот или синот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Никој неја не ја питат тамо зашто седит, кого барат, кого чекат, од каде дошла е и што она в црква искат: дал' дете ште крстит, или сина си ште венчат с млада хубавица?
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Го прашуваше за совет – како може да се промени нешто, а тој ѝ велеше дека ништо не може да се промени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лудниците, му кажуваше Клара на Зигмунд, се преполни со нормални жени: нема ништо полесно од тоа некоја жена да биде обвинета од таткото, сопругот, братот или синот, како опасна за себе и за другите, па да заврши во лудница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сонцето или син ми, топлината на првото или немирот на вториот, можат да ги истопат тие крилја. Внимавај!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)