Таа е однатре, нужно на страната на културата.
Зашто, што е културата ако не отклонување од природата, од зададеноста на светот, особено од зададеноста на општествениот свет, од очигледноста на човечкото постоење и од сето она што има врска со него, а што непромислено го земаме здраво за готово?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сексуалната различност и дисидентност веројатно може да биде појдовната точка за покатегорично, посвесно, попрагматично застранување од природата и од сѐ што во општествениот свет важи за природно.
„Секогаш кога говорот или движењето или однесувањето или предметите покажуваат извесно застранување од најдиректниот, најполезниот, најмрзеливиот начин на изразување или суштествување во светот“, напишала Сузан Зонтаг пред речиси педесет години, „можеме да сметаме дека имаат ‘стил’“.473 Без стил или облик, нема такво нешто како култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самото нејзино постоење го драматизира функционирањето на културниот поредок, а не на природниот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само отстапувањето од зададеното може да создаде култура и да го даде растојанието и оттргнатото промислување кои се нужни за културна дејност.
Во извесна смисла, хомосексуалноста е култура.
И ете зошто му требаме на општеството.
Каде би биле без пронигбите, без безобразлукот, без нетрогнатата критичка интелигенција што ја дава геј-поткултурата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Свесната свест на (некои) геј-мажи самата е суштина на тој клинамен, на тој отклон од привлечната тежа на очигледното, на начинот какви што се работите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)