Директна дискриминација е секое постапување условувано со некои од претходнонаведените законски основи со кое лицето било ставено, се става, или би можело да биде ставено во понеповолна положба од други лица во според- бени случаи; индиректна дискриминација постои кога определена навидум неутрална одредба, критериум или пракса, работникот го става или би го ставила во понеповолна положба во однос на другите лица – поради определено својство, статус, определување или уверување (чл. 7, ст.1-2 и ст.4, ал.2 од ЗРО). 4. Во зависност од: степенот на одговорноста на работникот, условите под кои е направена повредата на работните обврски и на работниот ред и дисциплина, поранешната работа и однесување 79 на работникот, тежината на повредата и нејзините последици – работодавачот може на работникот да му изрече парична казна, која не може да биде поголема од 15% од последната исплатена месечна нето-плата на работникот, во траење од еден до шест месеца (чл. 84, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дискриминацијата, меѓу другото, е забранета и во однос напредувањето во работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)