Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Другите доаѓале со бавни движења до збунетиот Лозан Перуника и го мереле со аршинот на своите сомневања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш Онисифор Мечкојад им се заканил со тупаница на кобниците и рекол, без да го дочекаат другиот Онисифор со оние што отишле со него да го донесат скриеното оружје, да ископаат гроб; ако е чума или улера, мртовецот треба или длабоко да се закопа или да се запали.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)