Ако се одлучат преку штрајк да ги заш- титат или унапредат своите права, поради промените во законската регулатива, тие доста потешко ќе можат да го започнат и ќе се соочат со можност од отказ поради организирање или учество во штрајкот, а самиот штрајк може судски да им биде забранет!
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Помеѓу поважните ново-предвидени прекршоци се следните четири: а) поттикнувањето или учеството во незаконски вработувања на странци во Република Македонија или на државјани на Република Македонија во странство; б) невраќањето на работната дозвола на странецот со кој не се склучило вработување или договорен однос или чиј работниот однос е прекинат пред истекот на времетраењето на работната дозвола; в) необезбедувањето на условите предвидени со Законот за работни односи и г) недоставувањето на работната дозвола на барање на надзорниот орган (чл. 39-49, ЗВРС и чл. 12, ЗУЗРОСД).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено (чл. 75, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Посуштински позитивни промени се: воведувањето на забрана работникот да биде ставен во понеповолна положба од другите работници поради организирање или учество во законски организиран штрајк, воведувањето на можноста за организирање штрајк на солидарност и стекнувањето право на плата за време на штрајк за државните службеници и за професионалните војници и воените старешини при АРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Работникот не смее да биде ставен во понеповолна положба од другите работници поради организирање или учество во штрајк, организиран во согласност со одредбите на закон и колективен договор (чл. 239, ст.1-2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Организирањето или учеството во штрајк организиран во согласност со одредбите на овој закон и колективен договор, не претставува повреда на договорот за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да се наведат причините за штрајкот, местото на одржувањето на штрајкот и денот и времето на почетокот на штрајкот (чл. 236, ст.1-5 од ЗРО – н.з. првиот став од овој спорен член, кој им го одзема 96 легитимитетот да организираат штрајк на вработените и им го дава ова право само на синдикатите, во април 2010 беше оспорен пред Уставниот суд на РМ од страна на Асоцијацијата „Магна Карта“ и ДСП „Ленка“, но до денес овој суд се нема произнесено по повод оваа иницијатива).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)