Грмна тука од секаде посилно да го слушнат каурите – пазарџии – и повтори на сите четири краишта, а потоа отиде на средето каде што беа насобрани десетина-петнаесет сејмени со еден буљукбаша. – Овдека, овдека ќе бидат изгорени, испечени, на ова местоооо! – се провикна и ги виде најревносните пророкови синови каде носат, не заграби или цепаници, ами товари суви буковици.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)