Слично, Кант прави разлика помеѓу самото нешто (Ding an sich) и феноменалниот 78 Margina #11-12 [1994] | okno.mk свет велејќи дека, никогаш не сме во состојба да го спознаеме првото, па затоа вториот би требало да го прифатиме како реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа тенденција кон она што може да се нарече репрезентационализам е типична и за Дерида во неговото прочуено тврдење дека “не постои ништо вон текстот”.24 Не правејќи разлика помеѓу знакот и означеното, она што тој го пишува не се однесува на нештата вон текстот или јазикот туку само за самиот текст и јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бог сѐ уште игра значајна философска ролја во Декартовата, Спинозината, Лајбницовата и Берклиевата философија, но неговата улога е многу помала во Локовата, Хјумовата и Кантовата философија, кои се сосредоточени околу способностите и склоностите на човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Почитуван читателу, Ако запреш на оваа книга, од било кој народ или јазик да си, од кое време на животот или векот да идеш, сакам со тебе да ја споделам маката на доцните години на животот кога стивнуваат илузиите дека перото може да биде меч, а книгата штит.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но знам дека отец Стефан таму беше и дека ми се спротивстави; знам дека или јазикот или ушите на отец Стефан неподобни му се за душата негова, чиста и благородна, и дека ова недоразбирање е плод на таа неподобност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)