Скотје беше уникатно место каде продавачот на семки и вратарот у дискотека имаа поголем углед од еден писател или џез музичар.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Од друга страна, Виник (Winich, 1960), иако ја согледува несомнената врска помеѓу дрогата и поп или џез музиката, не е многу убедлив кога се обидува да ги доведе во прашање позитивните ефекти на марихуаната врз квалитетот на музичката интерпретација, во однос на проценката на некои други музичари.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И рече дека дури и западните, капиталистички форми на уметност, кои вештачки се накалемуваат на нашето дрво на народната уметност, на нашата македонска черешна, се само обичен кич, како што се шлагерите, авангардата, постмодерната или џезот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)