Навистина, во времето кога во главата на Бил Гејтс компјутерите биле присутни колку што во главата на Крале Марко биле игрите со пинг-понг топчињата, ние, децата од нашата улица, можевме да отвораме само прозорци на старите куќи што гледаа директно на улицата по која врвеа најмногу коњски коли, но и по некое фиќо, москвич, или џипче... сите обележани со црвени регистарски таблички.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)