Имајте на ум дека во дијалогот, по правило, секоја пауза мора да биде покажана на овој или оној начин, или низ раскажување (на пр. „таа застана“) или низ гестови или низ некој рез што означува пауза.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
5) Напишете почеток на некој роман служејќи се со сезнајниот авторски глас, така што сезнајниот авторски глас ќе го направите јасно видлив, влегувајќи во мислите на една или повеќе личности, откако сте го препознале нивниот глас.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
При тоа, за сиже користете или некое кратко патување или доаѓање на некое туѓо лице во нова средина (пореметување на постојаниот ред на нештата - вообичаен почеток на романот).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И имајте на ум дека гестикулацијата е составен дел на секој дијалог.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И нешто од носењето, но повеќе од сонцето и прашината, - палтото избледе и некако потемни, што можеше најарно да се забележи кога ќе се кренеше реверот или низ малиот процеп на испараниот астар. Но ништо за тоа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Павле ни малу не се растревожи. Му се изнаноси на палтото. Целото лето само со него.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ако се разбереше создавањето на некои од линиите на лавиринтот, на пример низ различните балкански јазици, или низ јаничарството и други линии, се претпоставуваше, ако не се најдеше конечен излез, можеби ќе се разбереше дека тој сепак постои...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе живее низ другите, низ нивната жед, опседнатост и занес или низ нивните страдања...во неговите златни орелски канџи и белокоста на лавот здружена со ѓаволот и светецот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ќе треба: како при снимање со камера по сто пати да се враќаме да го видиме кадарот, на овој, или пак на оној начин, од агол на ова, или низ призма на она...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Навистина, тие денови имав некои посети за кои би се рекло дека беа вистински посети, не просто поминување- заминување крај дворот или низ дворот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Марко почна да страхува дека не само Едо туку и самиот тој запливува по некоја мирна вода, во живот без акција така што просто им се радуваше на можностите кога барем еднаш месечно одеше на пат во Америка или низ Канада од Монтреал до Калгари.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Чекорите сосема се доближија и некој, и самиот сличен на сенка, помина крај мене или низ мене и ќе и се доближи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Таа крв, како што верува со едно крајче на свеста но без страв и зачуденост, ќе потече низ неговите ноздри или низ устата полна со врел и застоен воздух, Пламените пци не го лижат со врелите јазици, Се собираат над него и ги забуцуваат усвитените муцки во неговата отворена утроба, се хранат со неговата глад, со неговата жед.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сѐ уште мора да досегнат – низ болка или низ радост, постепено или речиси веднаш – до дисидентско гледиште кон неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мило ми е што повторно ќе можам да се качам на вовчето да трчам по прозорците додека тоа со клокот и тресок се провира низ планинските процепи или низ селата со куќи построени како стражари крај пругата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Веќе не владеам со својата имагинација Претпоставувам дека дошле низ сливникот или низ решетката за регулација на греењето.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ако пак тој се смали или низ него се ископаат тунели, се ќе се замени, ништо повеќе нема да биде исто.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некогаш успеваше, низ забрзаноста или низ бавноста на нашето чекорење, да ја открие и нашата расположба, нашиот немир, нашиот спокој.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Многу настани од животот на семејството и од судбината, Мајка ги кажуваше низ некоја народна поговорка или низ некоја што самата ќе си ја стокмеше, без да знаеме дали е нејзина или е позајмена.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тргнавме, онака, сами од себе, и насекаде гледавме луѓе што зјапаат во масите, или во рацете, или низ прозорците.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)