Слично посакувал и Рудолф II: духовно-политичко соединување на “диспаратното” во неговото загрозено царство, една Европа која додуша е плуралистичка што се однесува до нациите, региите, вероисповестите, племињата, но која пронаоѓа надрелативно единство во интелектуалното соединување на сите спротивности; интересно е што Рудолф II не е фасциниран со сликата за Перикловата Атина или августовскиот Рим, кои се узори за секоја класика, ниту пак ја толерирал состојбата in politicis; него го обзема Александрија од времето на “Musei- on”, тогашната заедница (на државна сметка) на учени луѓе, и Хадријановиот Рим каде што настанал Пантеон, симбол на синкретизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)