Овде се предвидува дека основицата на која вработените 121 Лицата кои се обврзници за уплата на придонесите сами за себе, се должни да достават пријава за износот на примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија најдоцна во рок од 5 дена по приемот на надоместокот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Глобите предвидени за обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, што воопшто не е занемарлива сума ако се има во предвид дека на некои од овие работници им се исплаќаат навистина ниски хонорари.128 127 Закон за изменување и дополнување на Законот за присонеси од задолжително социјално осигурување, Сл. весник на РМ, 113/2014. 128 Со измените од 2015 година се прави дистинкција помеѓу лицата кои се вработени и остваруваат дополнителни приходи по основ на авторски договор или договор за дело и невработените лица кои остваруваат приходи по овој основ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со измената од јули 2014 год.,127 се предвидува како обврзници за плаќање на придонеси од задолжително здравствено осигурување и пензиско и инвалидско осигурување да бидат и лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор (популарно наречени „хонорарци“) и притоа остваруваат надоместок повисок од износот на утврдената минималната плата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
- 2014 (Закон за вработените во јавниот сектор) - се воведе одредба според која хонорарните работници, вработени со договор на дело или авторски договор треба да плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)