или (сврз.) - американски (прид.)

Големите англиски или американски романописатели често пишуваат на темели на перцепти, додека Клајст и Кафка тргнуваат од афекти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие, во основа, биле запознавани само со неопходните информации за кои одговорните при штабовите сметале дека би требало да ги знаат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мошне е лесно човек да се навикне на австралијанското или американското живеење бидејќи се работи за нулти степен на начин на живеење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имајќи предвид дека народноослободителното движење од самиот почеток беше оставено само на себе, без никаква поддршка од која и да е западна сила, тоа му даваше право да презема активности што беа од негов интерес, без да бидат известени претставниците на британските воени мисии при ГШ на НОВ и ПО на Македонија или американските претставници распоредени во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)