Напишал: „Она што секогаш одново ме возбудува – тоа е феноменот на љубовта: меѓу верникот и Господ, меѓу жената и мажот, меѓу родителот и детето; и љубовта небесна, и љубовта анимална и онаа што место човек за опсесивна страст ја има потрагата, морињата или Големата Идеја.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не знам зошто, ама оваа голема вода ја чувствувам како свој брат. Мојот голем брат. Или Голем Брат, сеедно.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Влезе необично лесно за своите килограми и исто така необично нежно ја затвори вратата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Да ја арчиш енергијата што си ја собирал за да изградиш мост, или голема стоковна куќа, на пример, а сега окото ти е постојано на таксиметарот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, тој со ништо не го прикриваше во својот глас оној површен трепет, што мораше да значи или подсмев или голема жал. Или обете. Најверно обете.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гледа како течноста, што е сочинета врз база на киселина и е создадена специјално за оваа намена, ја менува бојата во богата пурпурносина, што значи дека таблетите содржат некоја од Екстази-супстанците - може да е MDMA, MDEA, MDA, или голем број поегзотични варијации како МDOH, MBDB, или најновата 2CB.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Другиот човек е дилер, којшто е дојден тука за да си ја провери најновата стока.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Квир-движењетo од почетокот на 1990-тите, кое го разработи тој поглед, само го преоткрило она што претходните зналци на бродвејскиот мјузикл веќе го знаеле, а што моите геј-студенти некако самите го скопчаа: некои негеј-културни облици, како што е мјузиклот или големата опера или поп-музиката или дневните женски телевизиски програми, овозможуваат многу поцелосно ослободување отколку што може да даде геј-политиката, бидејќи вторава се стреми само да го подобри светот, а не ти ја менува состојбата во тој свет или твоето покорување на него – барем не веднаш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да нацртам пушка или голем топ и да го убијам чудовиштето со триста и неколку заби.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Мојот крокодил личеше на вистински крокодил и не можеше да ја затвори големата уста, За да го стори тоа му пречеше големата гранка испречена помеѓу двете заблести вилици.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Земеме парче железо продупчено од една страна, или голем фишек, го наполнуваме дупчето со барут, потоа со тап клинец врзан со жицата го затвораме дупчето со барут, а потоа со силно замавнување го удираме клинецот од камен; тој удира во барутот и предизвикува силна експлозија.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)