или (сврз.) - жолт (прид.)

Пред влезот на секое гратче се наоѓаше неизбежната бензинска станица, со црвени, сини или жолти пумпи, а можеби и мотел, а потоа доаѓаше самото гратче, со продавници на двете страни од патот, а можеби и сива стара црква изградена многу одамна, и по неа следува, сега анахронично бочно припиени со челик што не ’ргосува, ресторан и продавница за автоделови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа, со нагласен апетит, изедете го вашиот минијатурен двојник од марципан, желе или жолт пудинг.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)