Кападокискиот истражувач на болестите ги посочува меланхолијата и манијата како два пола на лудилото: “Меланхоликот се осамува, се плаши да не биде прогонет или затворен, се измачува со суеверни идеи, го мрази животот,” тој “го проколнува животот и ја посакува смртта”; оние, пак, кои не се обземени од меланхолија, туку од манија, се во неконтролирана фурија, возбуда или веселост, и во овие состојби може да се чувствуваат инспирирани за големи дела за кои немаат подлога да ги направат, или пак можат без некоја вистинска причина да убијат некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А свјатии ангели фанаха да тражат мои добри работи, и најдоха сос помошт Божија што бех учинила, и собираха сè што бех добро учинила: ако бех дала милостиња на сиромаси, и што бех гладни наситила, и жеднаго напоила, или голаго облекла, или јабанџиа у дом мој довела, или на болни или затворени бех пригледнала, и што бех ходила со страх у Божија црков,
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)