А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зеде чиста облека од камионот, не обрнувајќи внимание на Пикник, кој беше при крај со читањето на “Девојката од мочуриштето” и кој почна нешто да кажува но се премисли, отиде до спалните и стоеше под тушот долго време, помислуваше дека е како дожд, пролетен или летен дожд, и се присетуваше на сите моменти кога бил наврнат, и кога излезе од спалните, облечен во чиста униформа, забележа дека повторно е темница.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)