Јасно е на што цели авторот: темата на војна меѓу јазиците, или лингвистички империјализам (актуелна денес) овде е вешто опфатена преку балканскиот синдром на јаничарството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа е, впрочем, и еден од централните поими околу кои се води дебатата на двајцата префинети интелектуалци, и двајцата претставници на една аристократија на духот која ги проживеала сите страдања на интелектуалниот хомо балканикус: Таткото е во постојан егзил (и лингвистички и географски, меѓу Цариград, Поградец и Скопје), а Климент Камилски е интелектуалец од највисок ков, шпански борец против фашизмот кој во сопствената држава е фрлен на Голи Оток!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)