А да не ги спомнуваме ситниците од кои е условен конечниот успех на некој заеднички или личен зафат сврзан со нашето унапредување а можеби дури и со нашата судбина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таквите секојдневни потфати не може ни да се набројат а токму нивното успешно изведување е залогот на нашата среќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ваквата новонастаната обврска за странскиот работник е во контрадикција со веќе утврдената домашна легислатива, која утврдила овластен орган (Управата за јавни приходи), кој ја потврдува околноста дали некое лице ги намирило своите обврски и ваквата обврска не може да им се наметне ниту на домашните работодавачи кои вработуваат странски работници, ниту на странците што бараат вработување во РМ, со што ваквата формулација чекори на работ на неуставноста; б) дополнително беше утврдено дека при истек на дозволата за работа на странецот не смее да му се издаде дозвола за вработување или лична работна дозвола без тој привремено да престане да ја извршува работата во државата, а доколку барањето се поднесува пред истекот на важноста на дозволата за работа и странецот ги исполнува условите предвидени во овој закон, во тој случај издадената дозвола за работа ќе биде укината, а новата дозвола за вработување т.е. личната работна дозвола ќе биде со рок на важност на претходно издадената дозвола за работа (чл. 3 од ЗИДЗРО/фев.14). 4.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со други зборови, диференцијалното родово исцртување на сѐ и сешто, почнувајќи од машките и женските песни во бродвејските мјузикли, па до изразните жанрови и стилови што ги викаме трагедија и мелодрама, создава културен крајолик во кој голем број емоционални и дискурзивни практики се кодираат како мажественост и женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој може, да се послужам со бродвејскиот пример на Клам, да има посебна склоност кон чувствителност или емоционален набој или лични облици на израз – вредности што добро се вклопуваат во песните што прагматиката на музичкиот жанр конвенционално ги става во поджанрот на песните што ги пеат жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така, геј-субјектот кого го влечат тие афективни или дискурзивни можности може да не изразува толку идентификација со жените колку привлеченост кон културните вредности што се поврзуваат со извесни практики што, ете, генеричките конвенции ги кодирале како женствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, тие си придобиваат конкретна родова асоцијација преку диференцијалното обродување на жанровите што ги создаваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)