Така беше и со секој друг забележан факт, голем или мал.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Очекував некаква голема чоколада, некаква шарена топка или мала усна армоника, а тој од својот кожен куфер извади книга со тврда подврзија и ми ја подаде: - Еве ти, Гиле, книга.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Признавам дека имам уште многу да учам – го прекина Еразмо старецот. – Мене, сето ова ми прилега само на куп зборови, кои можеби ќе успеат да поттикнат некого да направи обид или мал чекор кон просветлувањето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Низ сите тешкотии во животот, големи или мали, уште од детини, вешто, ама повешто не може да биде, се провлекувал, напредувал во животот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јас, всушност, често се чувствувам збунета: голема сум или мала, што сум јас, која сум јас?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Овие прашања порано не си ги поставував, а сега сè почесто ме мачат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)