Ниеден од нас двајцата нема дури ни да знае дали оној другиот е жив или мртов.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нема никаква разлика помеѓу тоа дали сум жив, како сега, или мртов, бидејќи тоа не можам да го знам.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Впрочем не е важно дали сум јас жив или мртов. Тоа јас си го знам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И, што е најстрашно, не знам дали сум жив или мртов.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Борис Калпак и другите ќе го убијат. Го мразат.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Добро“ ја тргна раката од мене. „Тогаш ќе појдам сам и ќе го донесам на грб жив или мртов.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не му реков дека и другиот може некого да донесе на грб жив или мртов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Убаво ме замоли другарот шофер: Најди ми го Нумо Дамовски вели и доведи ми го жив или мртов, вели.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од спротивната страна се појави Коста. Носи преграб ролни од хартија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Да го симне од намесништво и да ми го испрати жив или мртов.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Коле извади една плаката, што ја имаше стуткано в џеб и ја прочита: „Соопштение, Секој што ќе го фати жив или мртов Секула Секулов ќе биде награден со 1.000 марки, а неговата куќа засекогаш ќе биде земена под заштита на власта.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не ќе е добро, според овие одговори, во ниедна варијанта да му се суди на Чанга во присуство или во отсуство, жив или мртов, зашто со ова конечно ќе се придонесеше Чанга дефинитивно да стане козји светец, дури и да го надмине славењето на хероите од војната, дури и сегашните главни водачи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Жив или мртов морам одовде!“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во полицијата беше издадена наредба да се фати мртовецот по секоја цена, жив или мртов, и да биде најжестоко казнет, како пример за другите, и дури речиси успеаја во тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Жив си или мртов, слушам. - Не знам, велам, од двете едно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)