Ќе се најде некој авалеџиа, бег или наш чорбаџиа шо ќе даде некој грош за децата да јадат, а за второто — неоти и вака главата ти е сигурна?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да видиме чиј грмеж ќе биде посилен, небесниот или нашиот?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако мозокот веќе станал жртва и дел од сексуална експлоатација на разноразни западни или наши политичко медиумски садисти, ред е да им се пружи отпор и да им се каже СТОП, ДОСТА Е...
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ако пак сознаат дека нашата работа е штетна, идниот непристрастен историчар со црни букви нека ги забележи нашите имиња или нашата акција... Делата се поубави и поубедливи од зборовите...69
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не знам зошто но наеднаш Иван го почувствував многу близок.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако бев едно од оние суштества со кратко паметење веројатно веќе ќе сметав дека детето е од мојата крв.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во прашање е можеби нашата желба да си ја испробаме силината? Или нашата отпорност ја клаваме на проверка?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Тука Нумо прекинува, се искашлува, гледа некаде од високо, мижурка, погледот му се губи некаде пред него, небаре сака да се потсети каде ли уште води трагата и, по подолго молчење, продолжува: - Стопанкината, трагата, наша де, секогаш, барем нас, не водеше кон нашата смрт, или нашето осакатување...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Зар ќе умеевме без таквите белези да ја следиме патеката што може некогаш повторно да нè доведе пред прагот на она што обично го нарекуваме роден дом, или наша судбина, бидејќи без тие белези и без таа патека просторт низ кој се движиме се престорува гол амбис!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дали ваши или наши, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)