или (сврз.) - нејзин (прид.)

ПОТПОЛНО зависните наркоси често и по два месеца немаат столица, а на цревата им годи кога ќе се залепиш на едно место - Зарем тебе не ти годи? - што бара интервенција на машината за лупење јаболки или нејзиниот хируршки еквивалент...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значењето се доживува произволно во склоп со моменталните чувства на гледачот, и кон неговите или нејзините поединечни склопови од лингвистички асоцијации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Идеалот на личноста во неговата или нејзината професионална личност е “себичноста”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак, терапевтот може да понуди идеи од неговото (или нејзиното) животно искуство или пак од други пациенти кои имаат слични проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но сепак, овие несомнени тешкотии ќе бидат практично мултиплицирани, барем при првите средби со пациентот, заради неговата или нејзината намерна опскурност или сложеност зад која се крие, како зад димна завеса.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Една ноќ, може тоа го видоа моите очи, може така ми се пристори, како да ја здогледав старицата, или нејзината сенка, како со запалена борина оди по рабовите од коријата, потоа се спушти во отворот на испосничката ќелија и исчезна во неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веќе третпат се договара да се најдат на кафе во некое од кафулињата во центарот на Охрид каде што, додека седеа и разговараа, Едо со задоволство рагледуваше наоколу да види кој негови или нејзини познати ги виделе и како се однесуваат кон тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој сфаќаше дека во тој поглед, со кој ги бараше неговите очи, е целата нејзина надеж. Или нејзината пропаст.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Штабот на главниот сојузнички командант за Средоземјето им го овозможуваше тоа само на оние што ги одредуваше Британската влада или нејзините одговорни организации за ова подрачје, пред сè СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со договор меѓу надлежните служби на Американската и Британската влада и редакциите, Стојан Прибичевиќ, како воен американски дописник, и Џон Талбот, дописник на британскиот печат, беа одредени за први акредитирани сојузнички дописници и беа првите што пристигнаа во Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ. 135 Конференцијата на Јалта траела од 4.-ти до 11 февруари 1945.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И реков: "Огнено Гулева, сандакот не е за тебе, а мерката е земена на видено”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не сме згрешиле случајно во мерката; или нејзините врснички и смртта ја користат за да се прикажат млади девојчиња, случајно затечени од смртта?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уметникот во својата осаменост создава нова онтологија и ги испитува нејзините предности или нејзината злокобност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во тоа лежи строго филмскиот и строго хичкоковски пристап: несреќата се огледува во обличјето на оној или онаа кој е нејзината причина или нејзина содржина.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)