- За мирното или поетското решение на војните и судирите треба поети кои не пишуваат, туку издишуваат стихови, кои со даровитост и кроткост умеат да пеат и да ги распространуваат тие стихови, како ветрот поленовиот прав, кој умеат да ги применуваат со случај на некоја караница, на некоја маалска тепаница или воен судир на граница.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се работи за тип на текст во кој она што досега се нарекуваше филозофија, со помош на логичкото или научното или поетското или естетското, ќе може меѓусебно да се преведе (како превод не ја подразбирам едноставно транспарентната еквивалентност), едно со друго цврсто да се поврзе (greffer) или едно со друго да се спои, па така овие споеви дозволуваат тоа да се препознае и во текстот, во денешниот, не во модерниот текст.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Предмет на разговор или поетско градиво
На татко ми и мајка ми
Тежок е секој обид да се прикаже
оној дел од животот на којшто и тој, самиот,
се надоврзува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И ако тоа, еден ден
го поднесе жилетот на сеќавањето
под којшто ги подаваат своите обрастени образи
нејзините први и единствени години, и на крв спремни
тогаш повеќе нема да се работи за детство
но за некој обработлива површина
за предмет на разговор или поетско градиво.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)