Како да им се одолее на униформирањето, хомогенизацијата, културалното или јазично-посредувачко изедначување, на поредокот на предочување и на една неверојатна исплатливост?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Секогаш треба да се изуми начинот најмалку да ги предадеме и едното и другото - без било каква претходна извесност на успех.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Секогаш треба да се преземе некоја одговорност (етичка или политичка), треба да се превладеат спротивставените одредби и формата на апорија со некој тип искуство на неможното, бидејќи, во спротивно, примената на правилата од страна на свесниот и на себе истоветен субјект, кој објективно секој поединечен случај го подведува под општоста на одреден закон, ќе води, напротив, кон неодговорност, ако не и кон неверојатната единственост на одлуката што се донесува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И најприватната автобиографија се објаснува со големи преносни личности коишто се тие самите и тоа во поголема мерка од некои други (на пример, Платон, Сократ и уште понекој во La carte postale, Жене, Хегел, Свети Августин и толку други во делата Глас и Cirkonfesija итн.).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Обврската нужно е двојна, спротивставена и спорна, со што привикува одговорност а не морална или политичка пракса.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Значи не станува збор за некаква културална или политичка принуда? 4Секогаш се сонува во врска со нешто што се укажува на културалното поле.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Основната задача на мисијата била да ги координира акциите на силите на отпорот против непријателот.25 Покрај прибирањето на технички, воени известување за распоредот, силата и вооружувањето на оскините сили, членовите на мисијата имале задача “да стапат во врска, да осознаат и да известат за сите елементи во Југославија кои даваат отпор на непријателот, без разлика на националноста, на верските или политичките убедувања“.26 Основната задача на мисијата била да се поврзе со штабот на Дража Михајловиќ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Востановувањето на национализмот вклучува давање повторен сјај на нечие минато, изнаоѓање на традиции и преземање на културните, географ ските или политичките територии кои биле земени од други.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Всушност, отаде материјалната, социјалната или политичката реалност изнесена во книгите, плени начинот на кој вие го оживувате овој свет на кози и книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Добро, има во вашите писма и извесно количество фактографија, информации и баналии од сите видови, кои вашиот епистолариј неизбежно го приземјуваат во просторот и во времето (внимавај, кај Тебе ги има неспоредливо повеќе отколку кај неа!), но вашата специфична, сосема езотерична и (белким и затоа!) мошне интензивна релација не се воспоставува, триж помалку должи врз нив. Туку исклучително врз длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Неговиот поттик и неговата причина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Восхитена од нив од нивната кревкост, чувствителност и топлина што не умеела соодветно да им ја прераскаже односно да им ја пренесе на своите најблиски, плашејќи се дека тие не ќе можат да ја разберат (...како да ме разберат зборувајќи им за кози и за книги, а да се избегне чувството на простото и на бизарното...; Старова, 2008: 10) таа решила да Ти пишува Тебе. за да Ти го каже веднаш најсуштественото:
Всушност, отаде материјалната, социјалната или политичка реалност изнесена во книгите, пленува начинот на кој Вие го оживувате овој свет на кози и книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
4 Според Прескот, boundaries се линии на демаркација на државната територија и на многу места тие ги имаат заменето frontiers, како „зони со различна длабочина кои означуваат политичка поделба меѓу две земји или политичка поделба меѓу населените подрачја во рамките на една земја“. Овие два термини не се синоними.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)