До неможност да се претстави нешто доаѓа кога некоја реченица која поставува барање во однос на вистината или лагата, не ја опишува можната состојба на работите, без оглед дали е едноставна или сложена.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со други зборови, секој симбол-знак на писмото претставува двострана реалност, системска единица окарактеризирана со две страни: со израз и со содржина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Самите овие слики се факти кои ја споделуваат и ликовната и логичката форма со она што тие го претставуваат.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Израз на знакот на писмото е физичката супстанција со чија помош се реализира визуелната репрезентација на знакот, без оглед дали станува збор за цртеж, геометриски знак или сложена фигура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)