Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само напред ноќеска! — повтори Јордан по десети или стоти пат за братската помош од Бугарија пренесена од Сарафов.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ќе ваќаме со гола рака змиа, нема чаре! — рече Гуцето и ги поведе своите градевци кон витолишките гробишта, откаде требаше да го нападнат селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)