или (сврз.) - твој (прид.)

Филмот (овој или твојот), како фантазиите на Џемс Џојс, е забранет. Плачам!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога го слушна и Петре Митревиот глас, ги ококори очите, ја отвори широко устата, му се загледа право во очите и почна да муцка одоздола: — Ми ... Ми ... Митре, брате Митре!!? Ти ли си, или твоата сенка?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
РАЈНА: Моето бившо либе или твојот бивш прв другар? (Му дава да јаде. Седнува наспроти него.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ти си, Анѓо, или твојот дух?! – и застана како закопан на местото ѕурејќи се во жената.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Силна волја. Чија, моја или твоја!? Се надевам, двете заедно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Понекогаш твоите солзи не можат да ја разблажат твојата згусната лутина или твоите зборови се доволни да ја изречат твојата непопустлива потреба од молчење – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)