Мита наведна глава и молчешкум, со поглед на осамена срна, се загледа зад себе, во изодениот пат, во она што е нејзино вчера и вели - повторува: - Нѐ подбра тркалото, нѐ вкова во себе и со секое вртење ни го мери - измерува животецот, поначесто земајќи делче од нас, капка или цела локва крв изсцедува од нашите жили...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пукна глас дека некој од неговата дружина, или цела таа, за да го ограби, го суредила, па властите се вдадоа во потера по нив, по другарите Хаџи Ташкуви, па така Потковицата, што се вели, со едно мавнување се ослободи од две зла, од Хаџи Ташку и од неговата дружина...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дали очите, дали лицето или целата глава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)