Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа главата со пипала стануваше сина, зелена или црвена.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пред малку споменуваше некаква слобода, збор забранет кај нас со закон.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тогаш повеќето домаќини носеа околу ушите жолти или црвени шамии, некаква православна чалма што ги брани од студ, и така сите имаа глави како наголемен желад, плод од џиновски шуми какви што биле во најстарите времиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)