Е, токму тоа ме наведе да изградам ригиден став по однос на бројот на присутните на некоја граѓанска или црковна церемонија и нивното влијание на одредувањето на степенот на вербата односно верата во недостижното.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)