Секогаш кога ќе станеше свесен за нов дел од телото на некоја девојка или жена – тајната што се наѕираше под подотворената или божем од негрижа подраскопчаната блуза подмамливиот јазик на облиците на дојките, чекорот на нозете, незаштитеноста на облиците на вратот, подвижувачката моќ на разнишаноста на колковите, заносното бранување со кое таа се одалечува од погледот подоткриеното колено, незамисливото и толку посакувано под сукњата на коешто не смееше ни да помисли пради невиноста на младоста...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)