или (сврз.) - едноставен (прил.)

Филмот никогаш нема да го има тоа доживување на сурова, иманентна присутност, тој вид на „насилство”, катарза, страв или едноставно мирис, кој што го има театарот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никако не можев да сфатам дали тие клинци се интелигентни, или луди, или едноставно имаа пилешки мозок со смисла за хумор и гардероба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако не беа образувани како типовите од Бостон или од Сан Ремо, беа многу бистри - мислам, добро знаеја да си спуштат еден на друг, качувајќи се на маса и извикувајќи куп навреди.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Антонен Арто можеби би рекол, театар - сида.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За жал обврските во вашата земја не му дозволиле да присуствува”.  Не знаев, ме прекорува или едноставно коментира факти, и затоа кимнав со главата во знак на разбирање, додека љубезниот домаќин ме понуди со филтер кафе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беди, да го разбиеме овој хронолошки тек. Дали се чувствуваш како УМЕТНИК, со големи букви, или ти е блиска идејата за вештина, занает, или едноставно се работи за некаква мистика, предестинираност...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се работи за свесно решение или едноставно тој правец никогаш не те интересирал? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но место да стави шарена шамија околу вратот - како и секој љубовничар, кога излегуваше од дома - тој еднострано (или едноставно) го откачи девојчето. 4.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На пример,познато е дека Дишан во 1912 година на ѕидот на своето атеље во Rue Hippolito нацртал скица на “Големото Стакло” во потполна големина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Делото подоцна било уништено или едноставно преобоено кога уметникот го напуштил ова атеље.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеш да го правиш тоа на начини што во суштина и по стремеж ѝ припаѓаат на средната класа: да пееш со снимки од бродвејски мјузикли, да распоредуваш цвеќиња, да собираш предмети, да одиш по клубови или едноставно да си го разместиш мебелот баш така. (Оттаму и вицот: како знаеш дека лебарките ти се геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднакво лесно може да се сосредоточат на богати, отмени, гламурозни или некогаш гламурозни жени кои се хистерични, екстравагантни, очајни, смешни, страсни, безобразни, унижени, на праг од нервен слом или едноставно не се способни успешно да истераат некаква висококвалитетна женствена маскарада, кои не успеваат да додржат на достоинството што е потребно за да ги сфаќаат барем малку сериозно како жени. ‌Записов се чита како опис на дрег.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден начин да се прави сето тоа може да биде ако некакo се протнеш во светот на гламурот и ексклузивноста, но не мора да стекнеш богатство за да се искачиш до позадоволителен, поубав и порафиниран живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто се склони да одрекуваат секакво учество во геј- културата или секаква свест за нејзиното постоење, иако одвреме-навреме активно се вклучуваат во животот на геј- заедниците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од таа причина, прикажувањата на женската абјектност не покажуваат секогаш – а и нема потреба да покажуваат – скромни жени, жени со понизок статус, осиромашени, болни, бедни и изнамачени жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите кои сакаат да се претставуваат како мажевни, ненастрани, постгеј или едноставно како обични, секојдневни дечки чија сексуална наклонетост не ги обележува како инакви од обичниот свет, инстинктивно клонат од секој аспект на машката хомосексуалност што би изразувал или би означувал женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се состои од способноста да се добие задоволство и да се одживее фантазија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видовме слични примери на самоодбрана и оградување кај Дејвид Даниелс и кај Ентони Томасини, а да не зборувам за Д. А. Милеровиот фрапиран предмет на љубовта, кој набрзина си ги избришал солзите што ги сронил поради „Некоја чудесна вечер“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Којзнае по кој пат го преразгледуваа веќе одамна утврдениот план за работите во полето, потребите за домаќинството, или се грижеа за отидените во војска и во затворите и, притајувајќи ги здивовите, чекаа да се огласи Кобникот од Бучало, или едноставно, Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А јавна тајна беше дека си кријат од стоката, дека ја крадат, ја јадат, или едноставно ја чуваат за да им ја продадат на угледни особи, или другарчиња.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дали оти на крајот на осумдесетите веќе почнаа да се мешаат работите во бившата наша татковина или едноставно таква беше процедурата, кој ќе знае?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дали сфаќа дека со овој репертоар ќе биде локална, или во најдобар случај регионална ѕвезда, или едноставно се се случило спонтано, не знам.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Маргарита не ме погледна повторно во прозорецот но тоа токму и го докажува контактот, неговиот таинствен пулс; Ана можеби е срамежлива или едноставно ѝ изгледа бесмислено да го прифати одблесокот на тоа лице кое пак ќе се насмее за Маргарита, а освен тоа важно е да се стигне до Сен-Силпис бидејќи ако до крајот има уште осум станици на линијата Порт д Орлеан, само три се спојуваат со други линии па само доколку Ана се симне на една од тие три станици мене ми останува можноста да се поклопиме; кога возот почна да забавува пред Сен-Силпис погледнав еднаш па уште еднаш во насоката на Маргарита барајќи ги очите кои Ана сè уште меко ги потпираше врз работите од вагонот како да се согласува со тоа Маргарита веќе и да не ме погледне, со тоа дека залудно е пак да се очекува таа повторно да го гледа одблесокот кој ја чека за да ѝ се насмевне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали никој од оштетените луѓе не беше слушнал за формален документ или едноставно сакаа да ги инвестираат емоциите во нов Тито, наместо во своите потомци кои набрзо стануваа огромен товар, беше бизарно да се размислува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вака влијателни ставови можат да бидат злоупотребени од страна на ксенофоби и националисти - иако луѓето како Фукујама и Хантингтон веројатно не сметаат на тоа или едноставно го превидуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Седеше во фотелјата на директорот и внимателно слушаше, а потоа ќе кимнеше со главата, или едноставно ќе се насмевнеше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Може да се сокрие силна чувствителност, како што тоа беше случај кај Ерих фон Штрохајм, или едноставно песимизам, како кај Алфред Хичкок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со кока-колата, пак, двоумење нема. Тоа е она вистинското!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мојата блискост со македонскиот менталитет доаѓаше од имиџот на Југот или едноставно, поради јужниот начин на гледање и чувствување на нештата, со кој се сретнував кога доаѓав тука со екскурзии или на летување...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Несомнено, тој реално многу нешта отфрлил, не со цел да го скрие она што е двосмислено во егзалтацијата на страдањето или едноставно во заштитата на правата на дрвјата кај Бојс, ниту, пак, да го задуши влијанието што врз него го остварила антропозофијата на Рудолф Штајнер, а уште помалку да ја маскира наивноста на неговите теми и осиромашеноста на одредени псевдо-филозофски размислувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
” Флуксус кој се врзува за Дишан со биографска димензија и тенки нишки. превод: Ирена Павловска извор: Art Press, септември 94. 84 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Олга Свиблова Бојс источен фронт Галеријата Ridgina и други простори Олег Кулек ја изложи со успех инсталацијата на Алексис Белјаев и на Кирил Преображенски: У-87.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Симан, несомнено, свесно ја жртвувал оваа идеја на Бојс врз која Рајтман до бесконечност критикува без воопшто, се чини, да забележи дека таа е константно проткаена со идеологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неовластените гранични премини може да бидат нелегални или едноставно да претставуваат прекршување на општес­ твените норми и правила.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ако се остави собрано на купишта може да се разнесе од кучишта или едноставно од ветар, па зад нив ќе остане грда слика.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Враќајќи се кон куќичката Пелагија се обидуваше да разјасни зошто дојде Чана, дали да покаже дека е лута што не е повикана на армасот на Деспина, или едноставно да ја потсети на оној дамнешен црн ден што никогаш не се заборава, или навистина сакаше да се распраша како ќе ги носат децата до на школо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Овие нешта напати ѝ блеснуваа во малечката главичка, само никогаш не успеваше да си ги објасни или едноставно забораваше да побара да ѝ објаснат кога ќе се најдеше во друштво на мајка си и на баба Перса, односно на Мајка Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)