Удри по љубовникот или по љубовницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто мелодрамата, како деградиран поджанр, се одликува токму со таква комбинација на елементи: врв на емоционална напнатост што изгледа претерано или екстравагантно; прекумерна реакција, оттука, лажност (ако гледачите проценат дека некоја изведба е „мелодраматична“, всушност, под тоа подразбираат дека е пресентиментална и „неверна на стварноста“); и сиже изнакитено со насилни кулминации.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Измешаните насилство, сентименталност, лажност и театралност на емоциите што се во средето на конфликтот го претвораат семејството во постојано место на мелодрама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е битно дали даденото семејство е она, твоето, од кое потекнуваш, дали е семејството што си си го избрал или ти е новосоздаденото геј- или лезбејско семејство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)